Австрискиот тенисер Доминик Тим се пласираше во финалето на Австралија Опен откако денес го победи Александер Зверев со 3:1 во сетови.
Иако Тим беше благ фаворит, Зверев сепак подобро влезе во мечот и го освои првиот сет. Беше 6:3 за Германецот кој направи дури три бејка, додека Тим еднаш му го одзема сервисот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот сет Тим се рабуди и направи два брејка за да го добие сетот со 6:4. Третиот период донесе многу брејк топки, но само по еден брејк на двете страни. На крајот се играше тај-брејк каде што Тим беше подобар и победи со 7:3.
Исто сценарио беше видено и во четвртиот период само што овој пат немаше ниту еден брејк. Во тај-брејкот повторно подобар беше Тим, овој пат со 7:4
Тим во неделното финале ќе игра против Ѓоковиќ кој вчера го победи Федерер со 3:0.