Дома Луд Спорт Ѓоковиќ има интересно хоби (видео)

Ѓоковиќ има интересно хоби (видео)

0

Новак Ѓоковиќ очигледно има уште многу „џокери во ракавот“ со кои може да ја изненадува својата милионска армија обожаватели.

Српскиот тенисер на Фејсбук сподели фотографија на која е сликан како се обидува да плете. Додека тој се обидува да плете правилно, неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ му помага и го подучува. „Интензивно фокусиран на плетење додека врне”, напиша Ѓоковиќ на објавата.

За само неколку часа фотографијата доби над 40.000 лајкови , а илјадници оставија пораки во кои се одушевени од хобито на брачната двојка Ѓоковиќ. Јелена на својот Инстаграм профил сподели и видео со кометар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

„Ти се погодија рачните работи, аморе”. Инаку Ѓоковиќ периодов настапува на Ролан Гарос, но поради дождот натпреварите беа одложени.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

ФОТО: Фудбалскиот џет-сет на свадба кај Серхио Рамос

Капитенот на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа во Севиља се венч…