Дома Останати Ѓоковиќ го декласира Фриц за четвртфинале!

Ѓоковиќ го декласира Фриц за четвртфинале!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ запиша убедлива победа на турнирот во Монте Карло, откако го декласира Американецот Тејлор Хари Фриц со конечни 6:3 и 6:0.

Фриц беше достоен противник до петтиот гем во првиот сет кога при резултат 2-2, Ѓоковиќ стигна до првиот брејк во мечот. До крајот на натпреварот Фриц успеа да освои само еден гејм, за конечна победа на Србинот од 6-3, 6-0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Данил Медведев кој во второто коло го совлада Стефанос Циципас од Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…