Дома Останати Тенис Ѓоковиќ веќе во јануари може да се врати на првата позиција на АТП!

Ѓоковиќ веќе во јануари може да се врати на првата позиција на АТП!

Одлуката да ја започне сезоната во Аделаида, веќе следната недела, создаде реална можност Новак Ѓоковиќ да се врати од Австралија како играч број еден во светот. Сепак, нема да биде лесно и нема да зависи само од него.

За да добие шанса да ја врати тениската круна веќе следниот месец, Ноле практично мора да ги освои двата турнира што го очекуваат во јануари, односно сите 2.250 АТП-поени со кои располага – 250 во Аделаида и 2.000 во Мелбурн.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но и да успее, што не би требало да биде невозможна мисија, ќе има сериозна конкуренција во Карлос Алкараз и Каспер Руд. Односно, ќе мора неговите конкуренти да имаат помал успех. Рафаел Надал и Стефанос Циципас се исто така рангирани пред Новак, но тие не можат да го завршат јануари на првата позиција.

Адут на Новак, освен квалитетот, ќе биде и тоа што е единствениот што не одбрани ниту бод од овој јануари – затоа што не играше поради добро познати настани. Од друга страна, адут на неговите ривали се поголемиот број бодови.

Актуелниот распоред на врвот на АТП рејтингот изгледа вака: 1.

Карлос Алкарас 6.820 поени (одбрани 90), 2. Рафаел Надал 6.020 (2.250), 3. Каспер Руд 5.820 (125), 4. Стефанос Циципас 5.50507 ), 5. Новак Ѓоковиќ 4.820 (0), 6. Феликс-Оже-Алиасим 4.195 (750), 7. Данил Медведев 4.065 (1.495)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…