Дома Останати Тенис Ѓоковиќ без борба до полуфинале на Вимблдон

Ѓоковиќ без борба до полуфинале на Вимблдон

Aвстралиецот Алекс Де Минор се откажа од настапот на Вимблдон, па така Новак Ѓоковиќ без борба оди во полуфиналето.

Де Минор денеска требаше да игра против Новак во четвртфиналето, меѓутоа се повлече од турнирот.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Причина за повлекувањето на австралискиот тенисер е повредата на колкот. Изгледаше загрижено Де Минор и по мечот од претходната рунда, но и беше оптимист дека ќе ги реши проблемите.

„Во ред е, ќе пронајдам начин“, искоментира кратко тогаш за неговата ситуација.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Мусети и Фриц. Првото полуфинале веќе е познато и во него ќе се сретнат Алкараз и Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант …