Дома Фудбал Останато „Што требаше уште Левандовски да направи? Да даде гол од центар со ножички?“

„Што требаше уште Левандовски да направи? Да даде гол од центар со ножички?“

Лионел Меси ја освои „Златната топка“, а иако од прогласувањето на победникот поминаа неколку дена се уште во фудбалскиот свет се дискутира за изборот.

Многумина сметаат дека Меси не ја заслжи „Златната топка“, а со тоа се сложува и поранешниот одбранбен фудбалер на Баерн, Жером Боатенг. Тој смета дека неговиот поранешен соиграч требало да ја добие наградата.

„Жал ми е поради Левандовски, дефинитивно ја заслужи Златната топка. Ме потсетува на 2013 година кога Франк Рибери не ја доби наградата. Многу ми е жал. Што требаше уште Левандовски да направи? Да постигне гол од центар со ножички? Левандовски дефинитивно нема да падне во депресија, но за него ова е големо разочарување. Колку што го познавам само ќе го мотивира. Неговата статистика оваа сезона е неверојатна“, ијави фудбалерoт на Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал се насочува кон Осимен

Откако имаше неуспешен обид да го доведе Душан Влаховиќ од Фиорентина, сега Арсенал ќе се …