Неверојатно прво полувреме одигра тимот на Бохум и му даде дури четири гола на Баерн.
Не изгледаше дека ќе гледаме нешто неочекувано на стартот. Левандовски го отвори резултатот после само девет минути игра. Бохум до изедначување стигна во 14-тата преку Антви-Аџе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Резултатот 1:1 беше актуелен се до 38-та минута. Од тој момент до крајот на првиот дел Бохум постигна уште три гола. Прво Локадиа зголеми на 2:1, две минути подоцна Гамбоа погодува за 3:1, а во 44-минута Холтман го постигнува четвртиот гол.
Не паметиме кога последен пат Баерн примил четири гола за едно полувреме, посебно во германското првенство.
Bayern Múnich pierde 4-1 con Bochum! 😱🤯 #PorLasQueMueres⚽️ pic.twitter.com/vEv6PVHvtO
— #PorLasQueMueres (@Salcedo_Hugo) February 12, 2022