Дома Трансфер зона Што правеше најмоќната жена во фудбалот на „Бернабеу“?

Што правеше најмоќната жена во фудбалот на „Бернабеу“?

Рафаела Пимента веројатно во овој момент е најмоќната жена во фудбалот, таа го презеде наследството од славниот Мино Раиола.

Пимента го привлече вниманието со своето присуство на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Брага. Пред натпреварот таа беше забележана пред стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со нејзиното појавување веднаш почна да се шпекулира дека Реал и Пимента преговараат за големо засилување.

Најголемото име во списокот на Пимента е Ерлинг Халанд кој игра одлично во Манчестер Сити. Во договорот на Халанд има откупна клазула од 180 милиони евра и таа важи од наредното лето само за клубови кои не се од Премиер лигата.

На Халанд му оди добро во Манчестер Сити, сепак кога е Реал Мадрид во прашање не може секогаш да се одолее на понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид планира трансфер изненадување

Реал Мадрид има намера во 2026 година да ја активира излезната клаузула за Витор Мачадо Фе…