Дома Видео Што ли си мислеше? Ова е еден од најглупавите потези некогаш направени во кошарката! (ВИДЕО)

Што ли си мислеше? Ова е еден од најглупавите потези некогаш направени во кошарката! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Басконија, Ник Стаускас го направи еден од најглупавите потези видени во кошарката.

Стаускас е најголемиот виновник што Басконија претрпе пораз од Реал Мадрид (69:70). Имено, тој без никаква потреба пред самиот крај при изедначен резултат го фаулираше Аргентинецот Кампацо. Веројатно несевесен за резултатот тој со прекршокот на кошаркарите на Реал Мадрид им даде прилика преку слободни фрлања да стигнат до победата.

Каква глупост направи доволно зборува реакцијата на неговите соиграчи кои во тој момент се фатија за глава, а и тренерот Душко Ивановиќ не можеше да поверува што направи неговиот кошаркар.

Неверојатниот момент можете да го видите на 2:50 во видеото.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Полицаец пукал во олимпиеец затоа што не го почитувал полицискиот час – надзорната камера се снимила! (ВИДЕО)

Во Костарика пред четири дена се случи необична ситуација која беше снимена од надзорните …