Дома Македонски спорт Мак фудбал Штипјани загрижени: 22-годишен анонимус без професионално фудбалско „си-ви“ на проба во Брегалница

Штипјани загрижени: 22-годишен анонимус без професионално фудбалско „си-ви“ на проба во Брегалница

Веќе една седмица на тренинзите со фудбалерите на Брегалница е приклучен и нигерискиот интернационалец Олоранрину Аволеси Аједеџи (175см/22г.) , кој на Градски во Штип е пристигнат на пробен тест период.

Фудбалската биографија на овој 22-годишен интернационалец од Нигерија, кој игра на позиција лев играч за врска, уште во старт остава доза на песимизам и сомнеж, од аспект на тоа што кога ќе се обидете да побарате информации поврзани со неговата фудбалска кариера, нема да пронајдете никакви основни детали и податоци, како што за старт е бар најмалку профил на трансфермаркт, а во конкретниот случај постоење на било каква статија,објава или вест поврзана со неговите лични податоци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аволеси Аједеџи во своето фудбалско CV, бележи настапи за фудбалскиот клуб Кано Пиларс Јуниор, кој настапува во Nationwide League One – NLO, или во пирамидата на нигерискот фудбал, трет левел(ранг) на натпреварување т.е трета лига, првично формирана како аматерска лига во 2008 година во која настапувале клубови финансирани од приватни фирми, мали и неразвиени локални заедници, селски задруги, поединци заљубеници во фудбал и сл.

Јасно е дека станува збор за аматерски рангови на фудбал каде што играчите пред се имаат друга професија, а фудбалот го играат како хоби. Во  последните два месеци претстојувал во Египет, каде што бил на проба на неколку локални второлигаши, кои очигледно не му понудиле договор, па сега се обидува да пронајде клуб во Македонија.

На страницата посветена на Брегалница се споменува и дека можеби сето ова е дел од разработена шема во која „фудбалерите“ се всушност мигранти.

„Брегалница и да не го потпише овој играч, тој со македонската виза која ќе ја добие, може да престојува на територија на Европска Унија до 90 денови, односно да пребега во било која друга држава,што е доста разработена шема во соработка на агентите со клубовите кои заеднички си го делат профитот од фудбалерите, без никаква намера за ангажман на играчот.

Исто така постои опција, Аволеси и да не потпише за Брегалница, без проблем да продолжи на проба во било кој друг македонски прволигашки клуб со визата која му ја овозможиле штипските-сини“, стои во објавата на Фејсбук страната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…