Дома Фудбал Шпанците тврдат: Барселона наскоро ќе биде исфрлена од европските натпреварувања!

Шпанците тврдат: Барселона наскоро ќе биде исфрлена од европските натпреварувања!

Како што објавија шпански и неколку англиски медиуми, Барселона се соочува со исфрлање од Лигата на шампионите и од сите натпреварувања на УЕФА.

Барселона направи некои потези минатото лето во очајнички обид да ги ангажира играчите кои им се потребни за да останат во Лигата на шампионите во наредните сезони.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На крајот од сезоната успеаја да го освојат домашниот шампионат, но и покрај тоа многу лесно може да се случи да не играат во Лигата на шампионите.

Нивната европска авантура во Лигата на шампионите заврши во групната фаза каде завршија на третото место зад Баерн и Интер.

Секако, тоа значеше дека тие го продолжија натпреварувањето во Европската лига, но таму беа елиминирани и од Манчестер Јунајтед.

И покрај успесите што ги постигнаа на теренот, се чини дека ќе им паднат на глава обвинувања за корупција, бидејќи УЕФА нема милост.

Освен потенцијалните казни кои ги очекуваат во Ла Лига доколку бидат прогласени за виновни, УЕФА води и своја приватна истрага.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, истражителите на УЕФА дошле до заклучок дека Барселона треба да биде исфрлена од европските натпреварувања во следната сезона.

Наводно, нивниот извештај го прочитал и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и се чека неговата конечна одлука.

Постои можност УЕФА да не чека Ла Лига да ја објави евентуалната казна, туку се ќе направи многу порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Платен беше 55 милиони евра и требаше да игра за Англија, сега ќе го носи дресот на Конго

Арон Ван-Бисака (27), десен бек на англискиот премиерлигаш Вест Хем, доби повик од репрезе…