Дома Фудбал Шпанецот кој ја изненади Европа со својот трансфер: Во Саудиска Арабија дојдов да се развивам

Шпанецот кој ја изненади Европа со својот трансфер: Во Саудиска Арабија дојдов да се развивам

Шпанецот Габри Веига (21) во летниот преоден рок ја напушти Селта и премина во Ал Ахли иако за него имаше интерес од клубови како Наполи и Реал Мадрид.

Сега Шпанецот изјави дека е среќен во Ал Ахли, но додаде дека би сакал еден ден да се врати во голем европски клуб, пренесува шпански Спорт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Разбирам дека секој има свое мислење, но има и други фактори кои влијаеа на одлуката. Меѓу сите опции што ги имав, почувствував дека оваа ми овозможи најдобар развој како млад фудбалер и да созревам во брзорастечка лига“, изјави младиот шпански фудбалер.

Тој не ја исклучи можноста да се врати во Европа.

„Никогаш не знаете како може да се развива ваква лига. Можеби еден ден ќе имам желба да освојувам титули во Европа и да играм во Лигата на шампионите, никогаш не се знае. Пред две години не можев ни да замислам дека ќе бидам во Саудиска Арабија, а сега сум многу среќен“, додаде Веига.

Шпанскиот фудбалер истакна дека не погрешил при изборот на нова средина.

„Чувствував дека овој чекор е најбезбеден и најдобар за мојот личен развој, а сега целта ми е да се подобрувам секој ден“, изјави Веига.

Ал Хилал моментално е на првото место на табелата во Саудиската професионална лига со 23 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…