Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза на прес-конференција одржанa денеска објави крај на својата професионална кариера.
Мугуруза последниот меч го одигра во јануари 2023 година, но сепак ваквата нејзина одлука е неочекувана бидејќи има 30 години.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Некогашната најдобра тенисерка во светот во 2017 година двапати го крена трофејот на Грен слем турнирите. Триумфираше на Ролан Гарос во 2016 година и Вимблдон во 2017 година и е единствената тенисерка која некогаш ги победила двете сестри Вилијамс, Венус и Серена, во финалето на големите натпреварувања.
Мугуруза е родена во Венецуела, но на шестгодишна возраст се преселила во Шпанија, а на три години почнала да игра тенис.
За време на нејзината богата кариера, таа освои вкупно десет ВТА турнири.