Дома Фудбал Италија Шок за Сасуоло: Заврши сезоната за Доменико Берарди

Шок за Сасуоло: Заврши сезоната за Доменико Берарди

Најдобриот фудбалер на Сасуоло, Доменико Берарди ја заврши сезоната по повредата со која се здоби денеска во натпреварот против Верона.

Сасуоло има кошмарно попладне зад себе, поразот од Верона можеби не боли толку како повредата на иконата на клубот Доменико Берарди.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Берарди кој е душата и срцето на тимот го напушти натпреварот во 60. минута. Италијанецот се здоби со повреда на Ахиловата тетива и дефинитивно за него сезоната е завршена.

Нема дилеми дека битката за опстанок за Сасуоло ќе биде многу потешка без Берарди на теренот. Берарди сезонава постигна девет гола и подели три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Бразил ја избра замената за Нејмар во репрезентацијата

Бразилската фудбалска репрезентација го повика младиот напаѓач на Реал, Ендрик, како замен…