Дома Фудбал Интер, Милан и Јувентус се „тепаат“ за новата италијанска ѕвезда

Интер, Милан и Јувентус се „тепаат“ за новата италијанска ѕвезда

Откако го обезбеди привлекувањето на напаѓачот на Парма, Анже-Јоан Бони, Интер има намера да поднесе понуда за друг играч од поранешниот тим на нивниот нов тренер Кристијан Киву, а тоа е дефанзивецот Џовани Леони, тврди „Гадзета дело спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Изданието вели дека финалистот во Лигата на шампионите веќе потроши околу 70 милиони евра за трансфери ова лето, но и покрај тоа, има намера да вложи уште 30 милиони евра за да ја засили одбраната.

Затоа, во клубот го имаат на списокот 18-годишниот Леони, кој одигра 17 натпревари во Серија А минатата сезона. Ако успеат да го доведат, „нероазурите“ се подготвени да го остават на заем во Парма за следната сезона.

Младиот Италијанец, сепак, е посакуван и од другите два домашни гиганти – Милан и Јувентус, при што „росонерите“ дури беа подготвени да понудат 13 милиони евра плус нивниот напаѓач Лоренцо Коломбо. Сепак, се смета дека „дуковите“ инсистираат да добијат само пари, и тоа во вредност од 25-30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сон: Чувам голови за Светското првенство

Капитенот на корејската репрезентација, Хјон-Мин Сон, не е загрижен за недостатокот на гол…