Дома Фудбал Астон вила не ја активира откупната клаузула и му го врати Рашфорд на Манчестер јунајтед

Астон вила не ја активира откупната клаузула и му го врати Рашфорд на Манчестер јунајтед

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд нема да ја продолжи својата кариера во редовите на Астон Вила, иако самиот посакуваше да остане во тимот од Бирмингем. И покрај надежите за трајно преминување, клубот реши да не го активира откупот на неговиот договор со Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рашфорд ја помина минатата сезона на позајмица во Астон Вила, откако неговите односи со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, се влошија. Сепак, Вила одлучи да не ја плати побараната отштета од 46 милиони евра за целосно ангажирање на англискиот репрезентативец.

Иако не го доби посакуваниот трансфер, Рашфорд остави солидна сезона зад себе – настапи на 41 натпревар во сите натпреварувања, постигна 11 голови и запиша девет асистенции.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…