Дома Фудбал Италија Бледо издание на шампионот, Мањан го спаси Милан од пораз против Сасуоло

Бледо издание на шампионот, Мањан го спаси Милан од пораз против Сасуоло

Фудбалерите на Сасуоло и Милан ремизираа вечерва на стадионот „Мапеи“ одигрувајќи без голови во натпреварот од 4. коло во Серија А.

Денешниот натпревар не понуди многу и не донесе фудбал со многу прилики, не видовме скоро ништо, посебно од „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Можеше Милан и да изгуби ако Мајк Мањан не му го одбранеше пеналот на Доменико Берарди во 23. минута од натпреварот. Беше тоа пред се очаен пенал од Берарди ко јсакаше да ја пласира топката, но Мањан го прочита и одбрани без поголеми проблеми.

Подоцна Берарди се повреди и мораше да го напушти теренот. Милан тешко успеваше да го загрози голот на Консиљи. Проблем за Милан може да биде повредата на Флоренци во финишот од натпреварот.

Флоренци почувствува болка во задната ложа и повредата не изгледаше наивно, преостанатите седум минути Милан мораше да ги доигра со играч помалку затоа што Пиоли ги искористи сите замени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…