Дома Фудбал Англија Шок за раководството на Јунајтед: Мурињо, но и некои играчи не се појавија…

Шок за раководството на Јунајтед: Мурињо, но и некои играчи не се појавија…


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Неколку фудбалери на Манчестер Јунајтед, како и тренерот Жозе Мурињо, не се појавија на промоцијата модна колекција на еден од клубските спонзори.

Во редовите на Црвените ѓаволи работите оваа сезона не функционираат како што треба. Играчите не се премногу задоволни од односот на раководството, а го искажаа и своето незадоволство поради доцнењето на последните два натпревари во ЛШ поради сообраќајните гужви во Манчестер.

Затоа неколкумина од нив одлучија да ги бојкотираат спонзорските обврски кои беа закажани за четврток, а со тоа сакаа да го привлечат вниманието на клубското раководство.

Исто така, Мурињо е назадоволен бидејќи клубот не му излезе во пресрет со ветените засилувања и Специјалниот не е во добри односи со претставниците на клубот.

Вниманието после ова сигурно го добиле, но дали и засилувања за Мурињо, ќе видиме во текот на јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…