По натпреварот против Барселона, американскиот кошаркар Зек Ледеј не патуваше со екипата на Партизан за Белград.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Партизан соопшти дека Ледеј отпатувал во Соединетите Американски Држави поради приватни причини.
„Зек Ледеј доби дозвола да отпатува за Америка по натпреварот со Барселона. На семејството Ледеј и на Зек, Кошаркарскиот клуб Партизан им посакува се најдобро“, стои во објавата од белградскиот клуб.
Засега не е познато кога Ледеј ќе се врати во тимот и дали ќе биде на располагање на Жељко Обрадовиќ за следните евролигашки натпревари. Исто така не се открива точната причина за неговото отсуство.