Шокантни вести пристигнуваат од Островот поврзани со актуелниот шампион, Манчестер Сити.
Имено, шеикот Менсур со кого започна една нова ера на „Етихад“ е под истрага и може да остане без клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британското министерство отвори истрага против сопственикот на Манчестер Сити поради сомневање дека со своето богатство им помагал на руските богаташи да ги префрлат своите средства од Англија во ОАЕ за време агресијата на Русија врз Украина.
Ако истрагата ги потврди соменвањата шеикот кој се проценува на богатство од 16 милијарди евра би можел да остане без клубот. Во Англија постои правило според кое сопствениците и директорите на клубовите не можат да учествуваат во злосторства и да кршат човекови права.
Ќе потсетиме, поради војната во Русија и блискоста со Владимир Путин, Роман Абрамович беше принуден да го продаде Челзи.