Дома Фудбал Англија Шок за Гвардиола: Малерозниот Гундоган со нова тешка повреда!

Шок за Гвардиола: Малерозниот Гундоган со нова тешка повреда!


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Пеп Гвардиола не може многу да се радува на победата над Ватфорд со оглед на сериозната повреда што ја зарлаботи Илкај Гундоган.

Германскиот интернационалец, кој во последните две години има огромни проблеми со повредите излезе од игра во 44-та минута, а Гвардиола по мечот потврди дека станува збор за сериозна повреда.

„Мислам дека ќе мораме да се снаоѓаме неколку месеци без Гундоган. Тоа е многу тажна вест за нас, мислам дека се работи за повредени лигаменти на коленото“, изјави Гвардиола.

Се предвидува дека Гундоган надвор од фудбалските терени ќе биде 3 до 4 месеци, а на наредните два меча Гвардиола исто така нема да може да смета на Фернандињо и Агуерно кои ја одлежуваат казната за инцидентот на мечот против Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги и Лаутаро: Мора да бидеме перфектни

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Тр…