Немања Видиќ ја повлече кандидатурата за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија и тоа на еден ден пред изборот.
Тој беше противкандидат на Драган Џајиќ кој сега останува единствен кандидат без противник. Изборот требаше да се случи утре од 14:00 часот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Видиќ до јавноста во Србија се огласи со соопштение:
„Нашиот фудбал е пред големи предизвици. Многу работи мора и можат да се подобрат. Мојата идеја беше и останува да составам тим од врвни професионалци кои се способни да ги решат овие предизвици подобро од кој било. За жал, на секој чекор од патот
да станам претседател на ФСС, ми беше јасно дека нема да ни се даде таа шанса. Би сакал да ве информирам дека ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на ФСС.
Одговорноста за решавање на големите предизвици пред нас ја презеде истата група на луѓе кои ги создадоа. Дефинитивно не сум оптимист за тоа што ќе направат со шансата што ја добиваат и мислам дека за четири години ќе биде уште потешко отколку што е денес.
Повлекувањето на мојата кандидатура не значи дека се откажувам од српскиот фудбал. Верувам во мојот тим и нашата визија, како и во големата помош што ќе ја добиеме од нашите пријатели од врвот на европскиот и светскиот фудбал. Она што за жал не е возможно денес да почнеме да работиме – јас и мојот тим ќе го направиме, верувам, во блиска иднина. Сега тоа не е можно“, стои помеѓудругото во соопштението на поранешниот ас на Манчестер Јунајтед.