
Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клубот, а веќе има неколку предлози.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кристијан Пулишиќ, еден од подобрите фудбалери на Милан, му е понуден на тимот од престолнината, но „волчицата“ е заинтересирана за фудбалерот на Марсеј.
Станува збор за Мејсон Гринвуд, веќе пишувавме за интересот на клубот за него, а Рома одлучи да го забрза процесот и да го ангажира овој фудбалер до крајот на јуни.
Следната недела се очекува официјална понуда, и тоа од 40 милиони евра, плус бонуси и проценти од наредната продажба. Првично, клубот од Рим сакаше позајмица за 5 милиони евра, со обврска да го купи играчот за цена од 25 милиони, плус 10 милиони евра бонуси.
Но, Марсеј сака цели 55 милиони и можеби би можел да добие толкава сума, особено затоа што фудбалерот е отворен за преселба во нов клуб.