
Нестори Иранкунда е млад фудбалер чиј животен пат од самиот почеток беше прилично необичен и тежок, а сега го води кон најголемата сцена – Светското првенство 2026 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роден е 2006 година во бегалски камп во Танзанија, во семејство со потекло од Бурунди кое избегало поради граѓанската војна. Како дете се преселил во Австралија, каде што започнал да игра фудбал и подоцна настапува за репрезентацијата на таа земја.
Фудбалскиот талент го развивал во Австралија, минал низ младинските селекции и блеснал во Аделаида, каде во А-лигата го покажа својот голем талент – постигнувајќи многу голови и асистенции, што му донесе трансфер во Бајерн Минхен во 2024 година.
Сепак, во Бајерн не добиваше минутажа во првиот тим, иако тренираше со врвни играчи. Поради тоа, неговата кариера беше во дилема – дали да остане во голем клуб или да замине каде што ќе игра повеќе и да си ја зачува шансата да настапи за Австралија на Светското првенство.
Одлучи да оди на позајмица во Швајцарија, а потоа направи уште еден потег во кариерата – преминувајќи во Вотфорд, каде доби значително повеќе можности за играње. Тоа му помогна да се утврди и да си обезбеди место во репрезентацијата.
На Светското првенство потоа дојде и неговиот голем момент – постигна спектакуларен гол против Турција по брз пробив, со што влезе во историјата како прв играч роден надвор од Австралија кој дал гол за “Сокеруси” на Светското првенство.
Денес се зборува за него како за играч кој свесно жртвувал удобноста на голем клуб за да игра повеќе и да го оствари сонoт да настапи на најголемиот фудбалски турнир во светот.