Дома Фудбал Останато ШОК ВО СОСЕДСТВОТО: Партизан ја напушта Суперлигата на Србија!?

ШОК ВО СОСЕДСТВОТО: Партизан ја напушта Суперлигата на Србија!?

partizan

Тимот на Партизан вчера во српската Суперлига одигра 0:0 против Мачва во снежни услови.

Од Партизан бараа овој натпревар да биде одложен со објаснување дека нема услови за игра, но нивното барање не беше прифатено. Ваквата одлука ги алармираше сите во управниот одбор од клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите на српски „Телеграф“ еден од најголемите срспки клубови после консултација со своите навивачи ќе ја напушти Суперлигата на Србија!

Од Хумска тврдат дека вчера барале одложување на натпреварот со Мачва сметајќи дека не може да се игра натпревар на 20 сантиметри снежна покривка. Од друга страна луѓето во Суперлигата инсистираа натпреварот да биде одигран, со гаранција дека сите денешни натпревари во Србија ќе бидат одиграни.

Бидејќи е извесно дека тоа нема да се случи во Партизан сметаат дека се измамени и дека на неспортски начин останаа без важни бодови.

„Телеграф“ наведува дека се одржува состанок, после кој Партизан ќе излезе со официјално соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…