Дома Македонски спорт Шишковски: За мене добар резултат е победа со Австрија!

Шишковски: За мене добар резултат е победа со Австрија!

Вториот голман на македонската фудбалска репрезентација, Дамјан Шишковски денес беше присутен на прес-конференцијата за македонските новинари.

Шишковски посочи дека репрезентацијата нема притисок и верува дека силната мотивација ќе биде доволна за добар старт на турнирот.

„Во недела сите ќе бидеме мотивирани, не е важно кој ќе игра, кој ќе биде на клупа. За мене добар резултат ќе биде победа со Австрија. Австрија два пати не победи во блиското минато, иако изгубивме со 1:4 во Скопје мислам дека многу научивме од тој натпревар. Сега не чека еден поинаков дуел, започнуваме од нула, а секој натпревар е различен“.

Смета дека натпреварот ќе го решаваат детали.

„Многу ќе одлучува одбраната, но мислам дека ќе решаваат детали. Се надевам дека Австрија ќе згреши, а ние ќе го казниме тоа. Физички се силни и играат германски фудбал, знаеме дека ќе бидат опасни на прекини. Ќе бидеме фокусирани за да немаме проблеми во одбраната“, изјави Шишковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…