Дома Фудбал Клоп го откри својот фаворит за освојување на СП

Клоп го откри својот фаворит за освојување на СП

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп со огромен ентузијазам го следи Светското првенство и зборува отворено за него, во својот препознатлив стил. Во разговор за Ла Газета дело Спорт откри дека речиси сè му се допаѓа што досега го видел, од атмосферата до квалитетот на фудбалот, но издвои и некои работи кои ги критикуваше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Импресиите се многу позитивни. Почнав во Мексико и беше неверојатно. Стигнав на стадионот шест часа пред натпреварот, а од центарот течеше непрекината река од луѓе. Тој животински, заразен ентузијазам, единствена атмосфера… А потоа истата работа во Далас и Хјустон. Можеби со помал интензитет, но амбиентот беше извонреден каде и да бев”, рече Клоп и изрази пофалби за виденото на теренот.

Запрашан за фаворитот за титулата, Клоп немаше дилеми.

„Велам Германија. Засега еден убедлив триумф, па уште еден, но пред сè, замените кои функционираат. Така се гради тим, така се освојуваат вакви натпреварувања. Одбранбената фаза може да се подобри, но на вистинскиот пат се”, анализираше тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …