Дома Фудбал Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивач од Канада стана тема на разговор при Мундијалот, откако јавно изрази желба да плати дури 250.000 американски долари за ВИП ложа за натпреварот против Швајцарија во Ванкувер.

Станува збор за Гургавин, инвеститор од Торонто, кој има над 500.000 следбеници на Инстаграм. Пред натпреварот тој објави итен апел со следната порака:

„Итно! Продава ли некој ВИП ложа за натпреварот Канада – Швајцарија? Нудам 250.000 долари. Контактирајте ме преку приватна порака.“

Гургавин е познат како страстен фан на спортот и редовно присуствува на натпреварите на Торонто Репторс во НБА лигата, каде често седи во првите редови.

На крајот, успеа да се осигура дека ќе седи на ексклузивно место на стадионот, и на социјалните мрежи сподели фотографија од првиот ред со порака:

„Мораше да бидам во првиот ред. Напред, Канада!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ воодушевен од младата ѕвезда на БиХ: Играше како стадионот да е негов!

Босанската фудбалска репрезентација блескаше со победа од 3:1 против Катар, осигурувајќи г…