Дома Фудбал Ибрахимовиќ воодушевен од младата ѕвезда на БиХ: Играше како стадионот да е негов!

Ибрахимовиќ воодушевен од младата ѕвезда на БиХ: Играше како стадионот да е негов!

Босанската фудбалска репрезентација блескаше со победа од 3:1 против Катар, осигурувајќи го своето место во наредната фаза на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!



Во фокусот на овој натпревар беше талентираниот Карим Алајбеговиќ, кој успеа да ја доведе БиХ во водство со својот гол во 29. минута. Со тоа стана најмладиот играч кој постигнал гол на Светски првенства од надвор од казнениот простор, а овој потег не остана незабележан од легендата Златан Ибрахимовиќ.

– Сите зборуваат за голот, но за мене, погодокот не е најважен. Најважно е храброста што ја покажа. Осумнаесетгодишник на Светското првенство, под огромен притисок и пред милиони гледачи, игра како да е господар на теренот. Тоа е вистинска реткост. Има многу млади таленти, но ако немаат карактер, талентот губи значење. Кога го гледав Карим, видов играч кој верува дека е најдобар на теренот – изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…