Дома Фудбал Лига на шампиони Шеикот Менсур вечерва вторпат во животот во живо ќе го гледа Манчестер Сити

Шеикот Менсур вечерва вторпат во животот во живо ќе го гледа Манчестер Сити

Вечерва се игра финалето во Лигата на шампионите во кое Манчестер Сити ќе се обиде да дојде до својот прв трофеј во најелитното европско натпреварување.

Противник на „граѓаните“ ќе биде Интер кој во минатото трипати го освојуваше ова натпреварување. Интересно е што ова ќе биде вторпат во животот шеикот Менсур да го гледа својот клуб во живо.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Откако го презема клубот тој вложи повеќе од една милијарда за да изгради моќен тим, а последен пат го гледаше тимот во 2010 година.

Тогаш Манчестер Сити играше пријателски натпревар во Абу Даби против Ливерпул и тоа беше првпат во живо да ги гледа „граѓаните“. Интересно е што денешниот натпревар за него ќе биде прв кој го гледа откако Гвардиола е на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флик го понижи до крај: Има договор со Барселона, но на лето го пуштаат да замине бесплатно

Веќе со месеци има шпекулации за тоа како ќе изгледа составот на голманите на Барселона сл…