Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шевченко: Македонија е репрезентација со карактер и квалитет, имаат добри контри

Шевченко: Македонија е репрезентација со карактер и квалитет, имаат добри контри

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Селекторот на Украина Андреј Шевченко денес одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар против Македонија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шевченко очекува еден сериозен натпревр во кој порачува дека мораат да бидат максимално внимателни.

„Не чека еден сериозен натпревар во кој мораме да бидеме многу вниматалени. Македонија покажа дека е селекција со карактер и квалитет. Играат во 5-3-2 формација и имаат навистина добри контри. Во последните години имаат добри настапи и победи против репрезентации од евроспкиот крем“.

Атмосферата во нивната селекција не е нарушена по поразот од Холандија.

„Одигравме добар натпревар и атмосферата одлична, бевме блиску да извлечеме позитивен резултат. Ние имаме целосно разбирањ и ги знаеме наите цели, затоа нема потреба од некоја дополнителна мотивација. За овој дуел ќе мора да сме многу добро психички спремни“, изјави Шевченко.

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра утре од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …