Шахтјор Доњецк и го нанесе првиот пораз на Барселона оваа сезона во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд уште еднаш го победи Њукасл.
На дуелот во Хамбург, Шахтјор славеше со 1-0, со голот на Данило Сикан во 40-та минута од натпреварот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак Барселона и понатаму е во одлична позиција на лидерската позиција со девет бода.
Резултатот во Дортмунд беше отворен по 26 минуи игра кога Фулкруг по асистенцијата од Сабицер ја затресе мрежата, па домаќините со предност заминаа на полувреме.
Во вториот дел Њукасл нападна, создаде неколку шанси, но не успеа да реализира. Казата стигна со голот на Брант, кој реализираше после еден контранапад за конечни 2:0.