Дома Останати Шампионски дресови за нисколигашите – MOZZART го награди ФК Караорман

Шампионски дресови за нисколигашите – MOZZART го награди ФК Караорман

Компанијата Mozzart продолжува да го поддржува спортот од најниско до највисоко ниво за фудбалските клубови низ земјава, а преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ досега опреми безброј спортски тимови кои настапуваат во пониските рангови на натпреварување. Овој пат вредна опрема пристигна во Фудбалскиот клуб Караорман од Струга, кој следната сезона ќе влезе во втората македонска фудбалска лига.

“Во ова време не е лесно да се дојде до спонзори и донатори, така што секоја помош многу ни значи. Треба да има повеќе вакви акции, бидејќи на помалите клубови потребна им е поддршката од големите компании. Благодарни сме за донацијата на дресовите и се надеваме дека ќе ја продолжиме успешната соработка” – изјавија од ФК Караорман.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа преку овој проект се обидува да обезбеди подобри услови за пониските лиги во повеќе спортови.

„Секогаш сме тука да ги поддржиме колективите кои ги зближуваат младите во нивната област и ги враќаат на вистинските вредности. Важно е на секое место да има можност локалното население да се занимава со некој спорт и затоа се трудиме да ги опфатиме сите делови на земјата и да помогнеме на различни клубови“, нагласија од компанијата Mozzart.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ го откри мотивацискиот говор што си го кажал сам на себе🎥

Новак Ѓоковиќ на пресконференцијата откри дека пресудниот момент за него во четвртфиналето…