Ваков спектакл можат да приредат само Германци. Одличен реванш одигран помеѓу Борусија Менхенгладбах и Шалке, а после 90 минути беспоштедна борба понатаму одат гостите од Гелзенкирхен, кои се вратија во живот после двата гола заостанување на полувремето – 2:2 (2:0).
И Борусија да одеше понатаму немаше да биде ништо незаслужено, но момците од Колт синоќа ја платија цената со постигнување на помалку голови од ривалот на гости. Одличната екипа од Дитер Хекинг одлично го одработи првото полувреме, преку високиот стопер Кристенсен дојде до водство во 26-та минута, а кога Махмуд Дауд погоди во надополнувањето од првиот дел за 2:0, за многумина дуелот беше завршен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, во продолжението се случи фантастичен пресврт. Ни десет минути не поминаа од паузата кога Леон шутираше од 17 метри, а топката отскокна преку голманот Зомер и се заби во мрежата за 1:2. Тоа беше голот кој го врати Шалке во живот, па 14 минути подоцна Дауд играше со рака во пеналтикот, а судијата Клатенбург покажа на белата точка. Со право или не, тоа е веќе друго прашање, но егзекуторот Бенталеб беше ефикасен за 2:2, со што го најави бурниот финиш.
Тој момент беше пресвртница за сјајната завршница во која Борусија навали на голот од Шалке. Гостите свесно се повлекоа, а голманот Ферман имаше најмногу работа во финишот. Опсадата на момците од Колт врз мрежата од Шалке беше огромна, а нападите беа режирани од тројца или четворица фудбалери, додека Шалке возвраќаше со контри. Како да гледавме ракомет на фудбалско игралиште, барем според темпото и динамиката на играта, но во тој хаос гостинскиот тим се снајде малку подобро, преживеа и избори пласман во четвртфиналето од Лига Европа.