Еден од најголемите таленти во академијата на Барселона, „Ла Масија“, Чави Симонс пред неколку месеци го напушти клубот и се пресели во ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Симонс кој наполни 16 години требаше да потпише прв професионален договор со Барселона и да се приклучи на вториот младински тим, но Барселона не успеа да најде заеднички јазик со неговиот агент Мино Раиола.
Таквата ситуација ја искористи ПСЖ кој му понуди милионска плата на ова „чудо од дете“ чија популарност секојдневно расте.
Симонс важи за еден од најголемите фудбалски таленти, а неговата популарност на социјалните мрежи е многу голема.
Покрај милионската плата во ПСЖ, тој веќе има потпишано и богат договор со „Најк“, па поради популарноста и атрактивноста веќе го доби епитетот „новиот Нејмар“.