Дома Фудбал Ѕвездата на Холандија ја пропушта борбата за Светски шампионат: Моето срце е скршено

Ѕвездата на Холандија ја пропушта борбата за Светски шампионат: Моето срце е скршено

Чави Симонс, 23-годишен холандски фудбалски репрезентативец и играч на лондонски Тотенхем, соопшти дека неговата сезона е завршена и дека нема да учествува на Светското првенство. “Животот навистина може да биде суров, а јас токму така се чувствувам”, изјави Симонс, кој се здоби со сериозна повреда минатата недела при натпреварот од Премиер лигата, каде што неговиот Тотенхем оствари минимална победа против Вулверхемптон со 0:1.

Симонс претрпе повреда на коленото, а првичните лекарски извештаи укажуваат на повреда на предниот вкрстен лигамент на десната нога. Го очекува долго време надвор од зелениот терен.

“Моето срце е скршено. Сите мои планови за крајот на сезоната и за Светското првенство се изгубени”, додаде Симонс, кој нема да недостасува само на Холандија на шампионатот кој го коорганизираат Канада, Мексико и САД, туку оваа вест претставува голем удар и за Тотенхем, кој се бори за опстанок во Премиер лигата.

Лондонскиот тим се наоѓа на 18-то место во табелата, во зоната за испаѓање. Симонс е дел од редовите на Тотенхем од минатата година, а во својата кариера за репрезентацијата на Холандија има одиграно 34 натпревари и постигнато шест гола. Oваа сезона има 43 настапи, шест голови и седум асистенции. Вредноста му е проценета на 50 милиони евра според Transfermarkt.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…