Дома Македонски спорт Мак фудбал „Чудото од соседството“ – вака е опишан успехот на Струга во медиумите во регионот

„Чудото од соседството“ – вака е опишан успехот на Струга во медиумите во регионот

На две кола до крајот на натпреварувачката сезона 2022/2023 фудбалерите на Струга Трим Лум и официјално станаа шампиони во Првата македонска лига, прва титула во нивната клупска историја.

Стружани на домашен терен убедливо со 3:0 го надиграа составот на Силекс со двата голови на Шабани и еден на Ибраими. Составот на Струга Трим Лум предводен од тренерот Шпетим Дуро има недостижни седум бода пред второпласираниот Шкупи во генералниот пласман.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


За овој успех денес пишуваат и медиумите од Србија нарекувајќи го „чудтото од соседството“. Во текстот на „Спортске.нет“ се истакнува дека тимот на Струга е формиран 2015 година и е составен во главно од македонски и албански играчи, а се додава и дека тука српскиот интернационалец Сава Радиќ.

Целиот текст посветен на Струга можете да го прочитате – ТУКА.

Инаку во текот на ноќта титулата во Струга се славеше и до доцна во ноќта – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…