Дома Фудбал Останато Чиро Ферара: Хероите се совршени, Диего не беше таков, тој е антијунак

Чиро Ферара: Хероите се совршени, Диего не беше таков, тој е антијунак

Кога Диего Марадона во 1984 година го изненади фудбалскиот свет и дојде во Наполи, Чиро Ферара имаше само 17 години и таа година влезе во првиот тим на Наполи.

Ферара и Диего седум години играа заедно во Наполи, покрај Диего растеше. Двајцата заедно освоија две титули шампион на Италија, еден италијански куп и Куп на УЕФА. Мараодна и Ферара играа и еден против друг на СП во 1990 година. Подоцна Ферара се прослави како играч на Јувентус.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сега во разговор со Бобо Виери тој ја прокоментира смртта на неговиот пријател.

„Шокиран сум, ова се тешки моменти. Кога ги слушнав тажните вести не сакав да зборувам со медиумите за Диего. Сепак, неколку дена подоцна имав потреба да кажам нешто за својот соиграч и голем пријател. Сите сме тажни поради она што се случи, убеден сум дека Диего мирно замина. Растев со него, заедно не поврзуваат незаборавни сеќавања“.

„Тој е мој пријател и секогаш го бравев, плати за своите грешки. Некој ќе каже дека Диего беше херој, но хероите се совршени, тие не прават грешки. Диего беше антијунак. И покрај сите свои слабости стана најдобар во историјата“, изјави Ферара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи нуди 75 милиони за ѕвездата на Барселона

Енцо Мареска одлучи да го засили тимот на Челси во сите линии на тимот, а една од неговите…