Дома Останати Кошарка Чешка го шокираше Бразил и ја искомплицира борбата за четвртфинале

Чешка го шокираше Бразил и ја искомплицира борбата за четвртфинале

Бразил изненадувачки изгуби од Чешка со 93:71 и така ја искомплицира борбата за пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Бразилците уште на полувремето губеа со 13 разлика и таа предност до крајот на натпреварот само растеше. Чешка со одлична игра во одбраната ги лимитираше продорите на бразилските кошаркари и ги прислија на шутеви од далечина, додека во нападот со тимска игра ги предводеше нивниот единствен НБА играч Томаш Саторански.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Саторански го заврши натпреварот со 20 поени, 9 асистенции и 7 скокови.

За Бразил ова е прв пораз на Мундобаскетот, а сега во групата од вториот круг со три победи и еден пораз се изедначени со Чешка. Чешка со евентуална победа против Грција во следното коло би го обезбедила пласманот во четвртфиналето, додека Бразил има тешка мисија во следното коло и мораат да слават против Американците кои денес играат против Грција во дербито на денот.

Ќе потсетиме двете најдобри селекции од групата влегуваат во четвртфиналето.

Aвстралија која денес играше против Доменикана ја продолжи низата без пораз на СП и славеа со 82:76.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ блесна во натпревар за историја на Лејкерсите

ЛУКА ДОНЧИЌ постигна 45 поени, врши 14 асистенции и собра 11 скока во својот петти трипл-д…