Лино Червар оваа сезона дефинитивно се врати во својата татковина и по долги години се раздели со Металург и ја напушти Македонија.

Легендарниот стратег се врати на клупата на ППД Загреб каде што веќе во воведното коло направи сензација, совладувајќи го тимот на Флензбург.

Но за хрватските медиуми Червар откри дека поминува низ животна драма, а се чини токму тоа е причината зошто си замина од Македонија.

„Тешко ми е, имам уште една голема борба. Сопругата ми е болна. Во животот ми беше најголема помош во се и морам да бидам со нејзе кога е најтешко. Среќен сум што луѓето кои работат со мене тоа го чуствуваат, па некои натпревари во гости ќе мора да ги одработат без мене“ изјави Лино.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Парондо: Си заминувам тажен, Скопје засекогаш ќе биде во срцата моето семејство

Роберто Гарсија Парондо оваа сезона пријатно ја изненади македонската спортска јавност и в…