Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави поширокиот список на играчи, за стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска во 2018 година.
Македонските ракометари, во ноември, ќе ги започнат квалификациите за пласман на ЕП во 2018 година. Првиот меч Македонија ќе го одигра на домашен терен против Украина на 2 ноември, а три дена подоцна избраниците на Червар ќе гостуваат во Чешка. Покрај овие три селекции во Групата 4 се наоѓа и Исланд.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Червар за стартот на квалификациите се определи стандардните играчи, единствено не е повикан Никола Митревски голманот на Бенфика.
Списокот на Червар за мечевите со Украина и Чешка:
Бороко Рисотвски (Барселона), Томовски (Металург), Даскаловски (Тимисоара), Ојлески (Ородехи), Манасков (Рајн Некар), Георгиевски (Букурешт), Пешевски, Костески, Кузмановски, Талевски , Дрогришки, Тасевски, Велковски, Палевски (сите од Металург), Стоилов (Вардар), Кирил Лазаров (Барселона), Филип Лазаров (Тимисоара), Никола Маркоски (Орошази), Велко Маркоски (Загреб), Ацо Јоноски (Бергишер),Митков (Кремс), Прибак (Бешикташ), Тасевски, Колев (Пелистер), Поповски (Вардар јуниор), Арнаудоски (Ферлах), Андоновски (Пролет 62).