Челзи на лето спрема големи промени во тимот, ќе пристигнат многу нови фудбалери, но и неколку ѕвезди сигурно ќе го напуштат „Стенфорд Бриџ“.
„Сините“ веќе започнаа со летните трансфери и веќе го договорија трансферот на Хаким Зијах од Ајакс за 45 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како главни мети во летниот преоден рок за „сините“ ќе бидат Чилвел од Лестер, Дембеле од Лион, а веројатно одбраната ќе биде засилена со Аке од Борнмут.
Медиумите најавуваат дека ќе има „чистка“ и неколку фудбалери сигурно ќе заминат ова лето. Педро и Жиру не се во плановите и нема да им бидат продолжени договорите, па ќе заминат како слободни агенти.
Иста е и ситуацијата со Бачуаи, а преговорите со Вилијан за нов договор се во застој, па најверојатно и Бразилецот ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.
Лампард исто така инсистира да му биде донесен и нов голман, бидејќи повеќе не му верува на Кепа.