Душан Влаховиќ во летниот преден рок беше пред трасфер во Челзи, но на крајот реши да остане во Јувентус.
Јувентус беше спремен да го продаде, но не дојде до договор помеѓу двата клуба.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Бевме спремни да прифатиме нова понуда за Влаховиќ, но Челзи никогаш не испрати подобрена понуда, пропадна и идејата за размена со Лукаку“, истакна неодамна директорот на Јувентус.
Челзи сега повторно е заинтересиран за Србинот, бидејќи приоритет за Покетино е доведување на врвен напаѓач.
Влаховиќ и оваа сезона не игра на препознатливото ниво во Јувентус, па и самиот е спремен да ја промени средината.