Барселона го победи Челзи во трката за Рафиња и Жил Кунде, а се шпекулираше и дека Левандовски ги одбил „сините“ поради Барселона. Сега овие два клуба би можеле да направат голема размена.
Како што пренесува каталонскиот „Спорт“ Челзи и на Барселона и го понудил Маркос Алонсо и 70 милиони евра за Френки Де Јонг.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Барса за Холанѓанецот бара 80 милиони евра, а Челзи го проценува Алонсо на 10. Покрај тоа Алонсо е голема желба на Чави за доведување како конкуренција на Жорди Алба. Де Јонг е најплатениот играч на Барселона, одбива нов договор со помала плата, па клубот затоа се обидува да го продаде.
Челзи го сака Де Јонг, а Алонсо не е толку потребен по пристигнувањето на Марк Кукуреља. Шпанецот влезе во последната година од договорот и од претходно ги има договорено личните услови со Барселона.
Ова изгледа како „добитна комбинација“ за сите, меѓутоа главното прашање е дали Де Јонг ќе сака да се пресели во Челзи.