Дома Трансфер зона Челзи даде зелено светло, Зијех се сели во Серија А

Челзи даде зелено светло, Зијех се сели во Серија А

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Милан се во напредни преговори за трансфер на Хаким Зијех.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зијех беше прва желба на „росонерите“ минатото лето, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.

Меѓутоа, Тухел не смета на него и Зијех не добива голема минутажа, па ова лето сигурно ќе ја промени средината.

Италијанските медиуми информираат дека Челзи сега се согласил да го пушти Мароканецот на едногодишна позајмица и трансферот е пред реализација.

Милан за позајмицата ќе плати 5 милиони евра, а следното лето ќе може да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…