Дома Топ вести Чави побарал седум засилувања од раководството

Чави побарал седум засилувања од раководството

После една разочарувачка сезона без трофеј, Барселона веќе почна да се спрема за наредната сезона и сигурно ќе има големи промени во тимот.

Тренерот Чави сака да направи свој проект, на многу фудбалери ќе им биде отворена излезната врата, а побарал седум засилувања од раководството.

Прва мета во нападот е Роберт Левандовски, кој го известил Баерн дека нема да го продолжи договорот, па Баварците се спремни да го продадат на лето за 40 милиони евра.

Барселона е во потрага по уште еден квалитетен дефанзивец, а прва желба е Кулибали од Наполи. Сенегалецот треба да ја комплетира одбаната со Араухо, Ерик Гарсија и Кристенсен.

На десната бековска позиција треба да пристигне Аспиликуета како слободен играч, а Чави сака нов лев бек, Маркос Алонсо или Грималдо.

На средината на теренот пристигнува Кеси, а крилната позиција треба да биде засилена со Рафиња од Лидс. Англискиот клуб испадна од Премиер лигата, па Барса може да го добие Бразилецот за „само“ 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…