Дома Фудбал Останато Чави нема да чека долго на нов ангажман ако замине: Веќе добил понуда од европски гигант

Чави нема да чека долго на нов ангажман ако замине: Веќе добил понуда од европски гигант

Тренерот на Барселона Чави на 27 јануари ја информираше јавноста дека на крајот на сезоната ќе го напушти каталонскиот гигант, но оттогаш овој клуб започна низа добри резултати.

Барселона се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде наскоро ќе има двомеч против Пари Сен Жермен, додека во Ла Лига се уште е на -8 во однос на Реал Мадрид и тешко ќе ја одбрани титулата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради неговите неодамнешни солидни изданија, се појавија одредени шпекулации дека Чави можеби ќе остане во Барса, но каталонски „Спорт“ вчера објави дека тој на лето би можел да го преземе славниот Ајакс.

Ниту Ајакс нема да има тренер кога ќе заврши сезоната, бидејќи заминување најави и Џон ван де Шип. Ајакс имаше очаен почеток на сезоната, во еден момент беше во зоната за испаѓање, но потоа ја подобри формата и се искачи на табелата.

Сега е петти на табелата во Холандија, се бори да излезе на меѓународна сцена и најверојатно од есен ќе игра во Конференциската лига или Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …