Легендарниот фудбалер на Барселона Чави Хернандез смета дека Осман Дембеле мора да го „положи“ последниот испит за да ги оправда вложените 105 милиони евра.
Како што веќе е добро познато, францускиот репрезентативец минатото лето пристигна во Барселона како големо засилување. Сепак, Дембеле многу брзо се соочи со тешка повреда поради која беше надвор од терените неколку месеци, а после враќањето на терен игра се подобро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Чави смета дека треба да „положи“ уште еден испит.
„На Дембеле потребно му е време. Барселона е како последен испит за фудбалерите. Дембеле сега треба да одработи некој вид на магистарск работа бидејќи не може секој да игра за овој клуб“.
„Зошто? Затоа што некои работи морате да ги знаете три пати повеќе отколку на друго место. Дембеле е многу талентиран, брз е, тука нема да има простор на теренот каков што имаше во Дортмунд или Рен“, изјави Чави.
Дембеле оваа сезона одигра 14 натпревари во сите натпреварувања и постигна само еден погодок, против Челзи во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.