Дома Фудбал Лига на шампиони Чави: Ако играме како против Бенфика со секого можеме да се надигруваме

Чави: Ако играме како против Бенфика со секого можеме да се надигруваме

Шпанска Барселона имаше многу среќа во завршницата од натпреварот против Бенфика затоа што Португалскиот тим имаше 100% прилика да го реши натпреварот.

Чави и Барселона успеаа да освојат важен бод и во последното коло ќе решаваат сами за својот пласман во нокаут фазата, но ќе играат против Баерн Минхен. Чави верува дека со игра како вчерашната можат да се надигруваат со секого.

„Одиме во Минхен да победиме. До тој натпревар има уште две недели за добро да се припремиме. Добро е што зависиме сами од себе, ако играме како против Бенфика можеме да се натпреваруваме со секого“, изјави Чави.

Барселона во групата е втора со седум бода, Баерн е сигурно прв, Бенфика е трета со пет бода. Во последното коло ако Барселона не победи против Баерн, а Бенфика тоа го направи со Динамо Киев тогаш Португалцитеќ е бидат тие што ќе одат во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч с…