Дома Останати Кошарка Евробаскет ЦСКА незапирливи во Евролигата

ЦСКА незапирливи во Евролигата

Московска ЦСКА продолжува со победите во кошаркарската Евролига.

Актуелниот европски шампион ЦСКА ја оствари и четвртата победа во Евролигата совладувајќи го Уникс Казан со 98-80 во мечот кој се одигра во Москва, а во рамките од четвртото коло.

На другите три натпревари кои се одиграа синоќа беа постигнати овие резултати: Басконија – Олимпијакос 90-95, Милано – Реал Мадрид 90-101 и Дарушафака – Ефес Анадолу 79-84.

Останатите четири натпревари од оваа рунда во Евролигата на програмата се денеска, а двојките се: Галатасарај – Фенербахче, Жалгирис – Макаби ТА, Панатинаикос – Црвена Ѕвезда и Барселона – Бамберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…